Не ги исполнува условите: Бугарија се откажа од воведување на еврото од јануари 2024 година

65

Бугарија се откажа од транзицијата кон еврото во јануари 2024 година, бидејќи не исполнува одредени критериуми, но ќе настојува да влезе во заедничката валута до 2025 година или можеби порано, изјави  бугарската министерка за финансии Росица Велкова.
Велкова пред новинарите изјави дека земјата не ги исполнила критериумите за инфлација, ниту пак усвоила некои неопходни законски измени, пренесува Ројтерс.

„Не ги исполнивме ветувањата што ги дадовме при влезот во ЕРМ-2 и не ги исполнуваме критериумите поврзани со инфлацијата“, посочи таа.

Велкова рече дека бидејќи земјата нема да премине на еврото во следните шест месеци, тоа може негативно да се одрази на кредитниот рејтинг на земјата.

Таа, сепак, додаде дека земјата би можела да има за цел да го воведе еврото од средината на 2024 година, доколку ги исполни критериумите.

Фото: Pixabay