Не ги оставајте миленичињата кога се селите

11

reklama

Фото: YouTube

Во Квебек, Канада, 1 јули е ден на селидби. Секоја година, на овој ден, кога луѓето што изнајмуваат станови традиционално се селат, околу 1.600 миленици остануваат без своите сопственици.

Компанијата за опремување домови Home Hardware, заедно со Друштвото за превенција од суровост кон животните (SPCA), направија картонски кутии во облик на кучиња, мачиња и зајачиња, со што сакаат да ја зголемат свесноста за овој проблем и да ја пренесат пораката да не се оставаат милениците во празните домови.

Видеото за кампањата е на агенцијата John St.