Не го консумирајте овој производ доколку сте го купиле

299

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) известува за отповикување на небезбеден производ на пазарот. Станува збор за додаток на исхрана QYRA Collagen drink 25 ml со сериски број 09/1125 и рок на употреба до 31-ви јули 2021 година.

Причина за отповикување на производот е поради наод на туѓо тело (стаклено фрагменти).

Увозник и дистрибутер во Македонија: Хелиос Медикал ДООЕЛ Скопје.

“Се известуваат потрошувачите дека доколку го купиле овој производ истиот да не го консумираат и да го уништат нештетно или да го вратат на местото на купување“, апелираат од АХВ.

Фото: Pexels