Не го правете ова додека одите бидејќи можете да настрадате

53

Паметните телефони се покажаа како фатални за пешаците, објави списанието Injury Prevention. Пишување порака на паметен телефон во комбинација со движење низ градот резултира во голем број на повреди, но и зголемен ризик од смрт.

Всушност, научниците откриле дека таквото одвлекување на вниманието, (затоа што додека пишуваме порака на паметен телефон, ние се фокусираме на екранот и пораката што ја испраќаме), ги става на ризик пешаците повеќе од слушање музика или зборување на телефон.

Научниците користеле податоци од 33 релевантни студии и анализирале податоци за повреди на пешаци и нивни активности непосредно пред повредата. Тие посветиле особено внимание на моментот кога пешакот започнува да оди или да преминува улица, дали ја проверил околината, колку време му требало да го премине патот и дали се судрил со други пешаци или возила.

Податоците покажаа дека слушањето музика, што се сметаше за ризик за безбедноста на пешаците, не е голем ризик. Телефонскиот разговор малку го зголеми ризикот затоа што на пешаците им треба малку повеќе време да започнат да го преминуваат патот и поретко проверуваат колку е безбедно да се премине.

Но, пешаците кои испраќале текстуални пораки се нашле во најризични ситуации. Тие ретко проверуваат колку е безбедно да се премине патот, а почесто се судираат со други пешаци и возила затоа што тие се фокусирани на екранот отколку на нивната околина.

Научниците предупредуваат дека со оглед на сè повеќе содржини коишто го одвлекуваат вниманието на пешаците (паметни телефони, разни апликации, видеа и слично) безбедното движењето низ улиците ќе стане поголемо прашање во иднина.

Фото: Pexels