Не издржа долго – со само еден твит повторно ги “закачи“ крипто валутите

122

Иако напиша дека ќе го нема на Twitter “на некое време“, милијардерот Илон Маск повторно почна да твита. Со низа твитови, што Маск ги испратил преку ноќ, денеска го зголеми тргувањето на конкурентот на биткоинот, Dogecoin, за повеќе од 50%, пренесува Гардијан.

Првиот во низата твитови беше само зборот doge, а потоа следеа уште неколку твитови околу крипто валутата, со којашто се тргуваше по цена од пет центи на почетокот на денот, во споредба со околу три центи пред твитот на Маск.

Фото: Facebook