Нè очекува ли должничка “бомба“?

64

Повеќето земји оваа година ќе излезат на крај со последиците од пандемијата, но најтешкото допрва доаѓа. Огромниот раст на државната побарувачка резултираше со голем пораст на глобалниот долг. Централните банки засега држат ниски стапки, но што порасне цената на задолжувањето, би можела да експлодира должничка бомба, пишува Спутник.

Оваа година во настојување да се поттикне економијата што ја опустоши коронавирусот, централните банки ги намалија каматните стапки. Како резултат на тоа, глобалниот долг нагло порасна за 19,5 илјади милијарди долари, што е апсолутен рекорд. За споредба, во 2018 година, долгот бил 3,3 илјади милијарди, а во 2018-та 10,8 илјади милијарди долари.

Државниот долг сега е поголем одошто за време на Втората светска војна, сметаат меѓународни експерти од над 400 банки и кредитни институции ширум светот. Според прелиминарните податоци, станува збор за 227 илјади милијарди долари, што е историски максимум.

За експертите една од главните причини за оваа ситуација се ниските каматни стапки. Кредитите станаа подостапни, што ја поттикнува побарувачката и инвестициите во земјите. Но, сите се задолжуваат: и владите и компаниите се обидуваат да се задолжат што повеќе и по што е можно пониски цени.

Фото: Pexels