“Не сме ваша депонија“: 3.737 тони отпад вратени на богатите земји

440

Малезија врати 150 контејнери со пластичен отпад на побогатите земји и порача дека земјата нема да биде светска “депонија за ѓубре“.

Откако Кина престана со најголем дел од увозот на отпад во 2018 година, овој регион е преплавен со пластика од поразвиените економии како САД и Велика Британија, пренесува АФП.

Всушност, многу кинески компании за рециклирање се преселија по забраната во Малезија, што резултираше со недозволен увоз на огромни количини пластика. Министерот за животна средина, Jeо Би Би Јин изјави дека Малезија вратила 150 контејнери со 3.737 тони отпад во Франција, Велика Британија и САД.

“Земјите што го испратија отпадот мораа да ги покријат трошоците за враќање на контејнерите. Не сакаме да дадеме ни банкнота за тоа. Кога некој нелегално ќе фрли ѓубре во вашата земја, нема да платите за да го вратите назад“, изјави Јин.

Фото: Pexels