Не веруваат во победата над инфлацијата: Довербата на потрошувачите е сè уште во минус

18

И покрај малото подобрување на расположението, германските потрошувачи сé уште се претпазливи, покажа денеска објавеното истражување на германската агенција за истражување на пазарот GfK и Нирнбершкиот институт за пазарни одлуки (НИМ).

Вредноста на индексот на расположението на потрошувачите за април благо се зголеми од минус 28,8 поени во март на минус 27,4 поени, се наведува на веб-страницата на агенцијата GfK.

– Закрепнувањето на расположението на потрошувачите напредува многу бавно. На германските потрошувачи сè уште им недостасува сигурност за планирање и оптимизам за иднината и дека одржливото закрепнување на германската економија ќе потрае долго – коментира Ролф Биркл, експерт за потрошувачи во Нирнбершкиот институт за пазарни одлуки (НИМ).

Вредноста на подиндексот кој ја мери склоноста кон купување е минус 15,3 поени, што претставува многу ниска вредност. Наспроти ова, вредноста на подиндексот, кој ја мери склоноста кон штедење, падна од 17,4 поени на 12,4 поени, но сепак е „многу висок“, се нагласува во соопштението.