Не воведе строги мерки и карантин, но и оваа земја трпи последици во економијата

112

Шведската економија се намали благо во првиот квартал, според првите проценки од заводот за статистика објавени во вторникот, но податоците за вториот квартал веќе укажуваат на сериозните последици од пандемијата од коронавирус.

Во првите три месеци од оваа година, бруто-домашниот производ падна само 0,3 % во однос на истиот период лани, објави Државната канцеларија за статистика.  Економијата започна да забавува веќе во 2019 година, по повеќегодишен брз раст.

Иако Шведска не ги следи другите европски земји во мерки за целосна изолација, пандемијата и потезите на другите влади ги нарушија синџирите на снабдување, ја потиснаа побарувачката и ги принудија компаниите да отпуштат десетици илјади работници.

Ова влијаеше и на шведската економија, па така податоците за индустриското производство покажаа нагло забавување во март, а во април активностите во производниот сектор потонаа на најниско ниво од финансиската криза.

Шведската коалициска влада веќе вети повеќе од 100 милијарди шведски круни (10,18 милијарди долари) да помогне во ублажување на ефектите од пандемијата во економијата.

Владата очекува економијата да се намали околу 7% оваа година, по најлошата рецесија од 1940 година. Во 2021 година, тие предвидуваат силно закрепнување.

Фото: Pixabay