Недела – неработен ден и во Хрватска?

56

Хрватската претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ, ја поддржува иницијативата недела да биде неработен ден, стои во соопштението од нејзиниот кабинет.

“Претседателката лично ќе побара од ресорните министерства да го разгледаат овој предлог и да донесат соодветни законски решенија што ќе го заштитат достоинственото работно време на работниците и пред сè ќе им помогне на семејствата во Хрватска. Тоа е важно за поттикнување на заедништвото и подигнување на благосостојбата на семејствата во Хрватска, севкупното здравје на работниците и општествена благосостојба на сите“, стои во соопштението.

Црна Гора минатиот месец ја имаше првата неработна недела за трговците на мало и големо.

Фото: Pixabay