Недостигот на работна сила ја чини Германија 80 милијарди евра годишно

115

Вкупните трошоци на германската економија се огромни, тврди Бостон консалтинг груп (Boston Consulting Group).

Доколку компаниите вработуваат помалку работници отколку што налага деловната ситуација, прометот се губи.

Економијата губи работни места, односно пари кога не може да вработи доволно работници за да ги пополни своите капацитети. Германската економија не се ни приближи до пополнување на работните места што ги има на располагање и губи огромни суми пари. Поточно: повеќе од 80 милијарди евра годишно, пренесува агенцијата ДПА.

Според студијата на Boston Consulting Group (BCG), загубите на германската економија се помали од оние на САД, но САД можат полесно да се прилагодат.

BCG ја спроведе меѓународната студија во соработка со Меѓународната организација за миграција на Обединетите нации, а делот од проценките што се однесуваат на Германија се базира на податоците од Институтот за истражување на пазарот на труд (ИАБ) од Нирнберг.

Според овие податоци, во Германија во вториот квартал годинава имало 1,9 милиони непополнети работни места.

„Тоа е за милион повеќе од долгорочниот просек“, изјави за ДПА еден од авторите на студијата, Јохан Харнос. „Економистите и ние го гледаме како структурен проблем.