Неформална средба на Еуромакс ресоурцес со локалната заедница во Босилово и Ново Село

46

Можностите за вработување и за соработка со локалното население и претприемачи беше во фокусот на неформалната информативна средба што се одржа во селото Банско, Струмичко, каде над 500 жители од општините Босилово и Ново Село имаа можност поблиску да се запознаат и со тимот на Еуромакс ресоурцес, концесионерот на рудникот за бакар Иловица – Штука, стои во соопштението.

Големиот интерес за непосредна комуникација со тимот на Еуромакс за рудникот на можности, за потенцијалите за вработување и соработка со локалните претприемачи уште еднаш ја потврди значајната поддршка што концесионерот на рудникот за бакар Иловица – Штука ја има во регионот. Над 500 жители се одзваа на поканата за неформалното дружење што беше организирано за оние кои покажуваа интерес за потенцијалите на проектот.

Главниот финансиски директор Никола Гулев напомна дека ова е прва од повеќето планирани средби за оваа година.

“Најпрво сакам да се заблагодарам за вашето присуство, a како што можете да забележите значајно е и присуството од заедницата која уште еднаш ја покажа поддршката за проектот Иловица – Штука.  Комуникацијата со локалното население и заедницата останува наш приоритет, бидејќи е наш долгорочен партнер за понатамошниот развој на проектот. Во таа насока и денешната средба е една од многуте настани организирани од страна на Еуромакс за комуникација со локалното население и заедницата. Имаше голем интерес за пополнување на апликации за вработување, дури во еден момент останавме без формулари. Жителите покажаа и интерес да се запознаат со техничките карактеристики на идниот рудник преку моделот што беше изложен во салата“, изјави Гулев.

Еуромакс минатата година организираше неколку информативни средби со жители од општините Босилово и Ново Село каде исто имаше значителен интерес со повеќе од 500 присутни. Презентации беа одржани и од професори од Градежен и Рударски факултет како и експерти од областа на минирањето, а во текот на ноември беше организирана и посета за жители од општините Босилово, Ново Село на рудникот за бакар во Крумовград, Бугарија.

Компанијата останува отворена за комуникација за сите оние кои имаат прашања за проектот во канцелариите во Скопје, Струмица и во Иловица, како и на интернет страницата euromaxresources.mk во насока на правилно информирање поткрепено со факти и точни информации.