Неискористениот потенцијал од 1,2 милијарди евра на дигитални услуги во југоисточна Европа

86

Неискористениот пазарен потенцијал на дигитални услуги во земјите од југоисточна Европа изнесува 1,2 милијарди евра, покажува истражувањето на глобалната консултантска компанија Kearney.

Во југоисточна Европа просечен потрошувач месечно троши 56 евра на телекомуникациски и дигитални услуги, од кои само 18% се наменети за дигитални услуги. Тоа е значително помалку од западноевропскиот просек од 35%.

Иако распространетоста на телекомуникациските услуги е голема во југоисточна Европа, заостанува користењето на дигитални услуги, како претплата на медиумски и забавни содржини, како и претплата на услуги засновани на поврзани уреди.

Телекомуникациските компании во југоисточна Европа би можеле да заработат дополнителни 120 милиони евра годишно, нудејќи им на незадоволните корисници брза врска што во исто време би поттикнала поголема употреба на дигитални содржини.

Фото: Freepik