Néit – куфер што се склопува и “штеди” на простор

22

8da525fb306d2173f33c697c666577ac_original

Néit е куфер што се склопува до големина од само 7,6 сантиметри овозможувајќи да се смести било каде и да ослободи простор за други потребни работи при патувањето.

За да се склопи потребни се помалку од 10 секудни, а истото може да се направи кога куферот е отклучен и отворен. Направен е од лесен и неверојатно издржлив поликарбонат, додека рамката за дополнителна заштита е направена од алуминиум што се користи и кај авионите.

Куферот има четири тркала за полесен транспорт, коишто можат да се извадат или складираат во внатрешноста што придонесува за ослободување на уште повеќе простор. Заедно со куферот доаѓа и апликација со којашто може да се следи, односно истиот да се пронајде доколку се изгуби при патувањето.

Со помош на апликацијата можете да го лоцирате куферот со GPS, да резервирате летови и хотели, да го проверите статусот на летот, да видите како можете да стигнете од аеродромот до вашиот хотел и слично.

На глобалната платформа за групно финансирање Kickstarter останати се уште неколку дена за сите оние што сакаат да го поддржат овој проект со донација на средства. Моменталната цена на куферот е 450 долари, но може да се смени.

517672c6e9ae5fc901574e3dea0b1bb6_original8227f5e80cd4cb69bcfe55c318e49c49_original