Неизмерна благодарност и желби за просперитетна 2017-та

31

glavna580

Се наоѓаме во време кога сите се брзаме за да ги завршиме започнатите работи пред новата година. Некои ги собираат своите заклучоци и забелешки за 2016-та, додека други веќе изготвуваат нови планови за наредната. И помеѓу оваа бркотница, лесно е да заборавиме да застанеме и за момент да се потсетиме на луѓето вклучени во извршување на работните задачи и да им изразиме голема благодарност.

Во оваа „игра“ на ентериерниот дизајн, Солопром веќе години наназад престана да биде компанија која продава репроматеријали за ентериери. Денес, на нејзиниот 25-ти роденден, таа прерасна во местенце каде луѓето кои се во потрага по остварување на нивната замисла за идеален ентериер, се собираат да најдат совет и решение за проектите што сакаат да ги изградат, да ги пронајдат вистинските материјали и декори, производи, каде со свој совет и повратни информации и самите учествуваат во изградба и остварување на проектите на другите.

По тој повод, почитувани соработници, од сè срце Ви благодариме за Вашата поддршка низ годината што изминува и учеството со Ваши совети, барања и критики. Ви благодариме што заедно инвестиравме во развојот на ентериерниот дизајн во Република Македонија и за Вашата помош во подигнување на свеста за квалитетен мебел преку употреба на материјали и производи од проверени светски брендови.

Во очекување на Вашите идни проекти и заедничка соработка, тимот на Солопром Ви посакува мир, радост, среќа и многу здравје во Новата година.

footer580