Нејт Андерсон – човекот кој се клади на пропаст на компании

97

Нејт Андерсон е основач на Hindenburg Research и тој се прослави во последните неколку години насочувајќи се кон компании за кои смета дека се преценети и имаат сомнителни финансии. Значи, Андерсон бара компании чии акции ќе паднат.

Затоа не е ни чудо што тој ја нарекол својата компанија според неславниот германски цепелин кој се урна во Њу Џерси во 1937 година, пишува CNN.

Зошто Андерсон се обложува на пад на акциите и како одговара на критиките за профит од паѓање на цените на акциите?

Андерсон стана познат по тоа што минатата година “удри“ на компании како што е Nikola, производител на камиони и стартапот Lordstown Motors. Nikola призна дека ја испитувала Комисијата за хартии од вредност, а Lordstown Motors неодамна најави оставки од извршниот директор и финансискиот директор.

Во минатото Андерсон работеше за компанијата за податоци FactSet, како и за неколку хеџ фондови пред лансирањето на Hindenburg во 2018 година, па потрагата по финансиски проблеми не му е непозната. Тој рече дека честопати го привлекува потрага по измама, перење пари и понзи шема.

“Отсекогаш сум имал страст за копање и истражување. Јас сум многу фокусиран на длабоко истражување“, рече Андерсон.

Hindenburg има пет вработени со полно работно време, вклучително и Андерсон, кој често поминува три до шест месеци истражувајќи ги акциите на компаниите пред да објави извештај. Компанијата исто така повремено доведува консултанти кои ќе помогнат во поспецијализирани случаи, особено кога станува збор за акциите на кинеските компании.

Бидејќи Hindenburg не вработува армија работници, Андерсон вели дека компанијата одлучила повеќе да се фокусира на мали и средни компании, наместо да се обидува да открие дали некои големи технолошки имаат проблеми.

“Некои компании се веќе добро опфатени, како што се Аpple, Facebook, Google и Teslа. Можеме ли да најдеме нови значајни информации? Тоа е помалку веројатно“, рече Андерсон.

Сепак, голем број луѓе го обвинуваат дека со своите извештаи се обидел да ја намали цената на акциите со цел да оствари профит. Тие велат дека компанијата на Андерсон е уште еден short seller.

Луѓето стануваат непријатели, наместо да сфаќаат дека некој едноставно има поинакво мислење“, рече Андерсон.

Фото: Facebook