Некогаш Мекдоналдс: Синџирот за брза храна во Русија доби ново име

70

Русите неодамна  официјално и трајно  се простија од популарниот американски ресторан за брза храна Мекдоналдс. Првите 15 ресторани на некогашниот „Мекдоналдс“ ќе се отворат денеска во Москва, а новото име на брендот ќе биде „Вкусно и точка“. Компанијата кажа дека утре ќе почнат со работа уште 50 ресторани.

Долго време се шпекулираше што ќе биде со Мекдоналдс, симболот на руското отворање кон Западот, а пред неколку дена беше откриено ново лого. Имено, Мекдоналдс ги продаде своите ресторани во Русија на претприемачот Александар Говор.

Пред нешто помалку од еден месец беше откриено дека добро познатиот ланец, значи, ќе продолжи да работи под нов бренд. Новото лого, би рекле, никако не се поврзува со старото, а се чини дека името нема допирни точки со култното име на компанијата.

Наследникот на Мекдоналдс во Русија планира да ги промени цените во блиска иднина, но тие ќе бидат достапни, изјави за новинарите генералниот директор Олег Пароев.