Некогаш најмладата милијардерка во светот сакаше да ја избегне правдата

150

Елизабет Холмс „се обиде да побегне од земјата“ со резервација на билет во еден правец за Мексико, набргу откако беше осудена за измама како основач на „Теранос“, соопштија обвинителите.

Минатиот јануари, Холмс беше обвинета за измама на инвеститори додека водеше неуспешен стартап за тестирање крв Теранос. Во ноември таа беше осудена на повеќе од 11 години затвор. Таа поднела жалба на пресудата и нема да започне со издржување на затворската казна до оваа пролет, период на чекање кој обвинителите го опишаа како „дарежлив“ затоа што е бремена.

Обвинението дека таа се обидела да ја напушти земјата минатата година доаѓа како дел од новото поднесување на обвинителите кои тврдат дека Холмс треба да започне да отслужува затворска казна наместо да живее во имот од 13.000 долари месечно.