Некои добиваат покачување, некои даваат отказ: Ова се “лицата“ на јануари

142

Нова година, нови цели, а луѓето се желни за промени или барем да донесат некои нови одлуки за кои мислат дека ќе им донесат напредок и просперитет.

Така, излегува дека јануари е месецот кога повеќето вработени даваат отказ, бидејќи во просек секој петти човек бара нова работа.

Ник Кирк, директор на компанија за вработување, вели дека луѓето сакаат нов почеток, па во јануари се зголемува бројот на апликации за нови работни места, а уште поинтересно: тоа најчесто се случува во средината на јануари, а најчесто во вторник.

Сепак, за оние кои не се одлучуваат за вакви радикални промени, јануари може да биде плоден и ако останат во старото друштво. Имено, време е и за покачувања и унапредувања.

„Многу компании планираат големи промени со почетокот на новата година“, вели Меги Олд, уште една од директорите, додавајќи дека некои луѓе, сепак, не се гледаат себеси во тоа и бараат нови можности.