Некои земји во ЕУ годинава ќе имаат економски раст поголем од 7%

16

Според последните податоци на Европската комисија, земјите-членки на ЕУ ќе забележат остар економски раст оваа и следната година, а некои ќе имаат раст поголем од 7%.

Имено, според последните податоци на Европската комисија, годинава Романија ќе има раст од 7,4%, Ирска од 7,2%, Унгарија од 6,3%, Шпанија од 6,2%, Франција од 6%, Словенија од 5, 7%, Малта од 5,6%, Белгија од 5,4%, Хрватска од 5,4%, Италија околу 5%, Естонија од 4,9%, Словачка од 4,9%, Холандија и Полска од 4,8%, следат Бугарија, Шведска, Кипар и Грција, чиј раст исто така ќе биде над 4%. Меѓу оние со најмал раст се наоѓаат Финска (2,7%) и Данска (3%).

Во 2022 година, најголем раст треба да има Шпанија (6,2%), Грција и Австрија од по 6%, Хрватска (5,9%), Малта (5,8%), Словачка (5,3%), Полска (5,2%).

Според анализа на ЕК, економијата на ЕУ треба да порасне во просек за 4,8% оваа година и за 4,5% следната година.

Фото: Pixabay