Неколку факти за продажбата (2)

30

Ако сакате да ја подобрите продажбата на своите производи или услуги убаво е да ги знаете следниве факти.

Годишно се троши над 1.000 милијарди средства за продажни сили.

Колку чини еден телефонски контакт со клиентот? Во просек повикувачките продажни повици се 33,11 долари, а теренските продажби повици 276,48 долари

Една студија за продавачи од светска класа, открива дека најважниот фактор кој влијае врз одлуките на купувачот е вештините на продавачот во тет-а-тет опкружување.

Во многу компании, 80% од приходите ги остваруваат само 20% од продажните агенти. Ова значи дека ангажирањето на талентирани продажни лица во суштина е случајност, баш како и фрлањето паричка.

Во 64% од случаите кога продавачите не успеваат, причината е затоа што тие се во погрешна работа, а не затоа што не можат продадат.

Водечката агенција за регрутирање на квалитетни кадри, Caliper Corp, вели дека 55% од луѓето што се во продажба треба да прават нешто друго.

Продажбата е професија што се базира на  талентот, па така најдобриот тренинг за продажба само ќе ги подобри перформансите на поединецот во просек за 20%. Што значи, 5% може да станат 6%, но и 80% може да станат 96%.

Над 50% од менаџерите за продажба се премногу зафатени за да ги обучуваат и развиваат своите продажни тимови. Сепак инвестицијата во регрутирањето и развојот на вистински талент за продажба создава неверојатни повратни резултати.

Ако стапката на прибирливост на клиентот се намали за 5% тогаш профитот би се зголемил 25-80%.

Задоволувањето и задржувањето на сегашните корисници е 3-10 пати поефтино отколку стекнување нови клиенти.

Просечно претпријатие губи 10-30% од своите клиенти на годишно ниво.

Дури 92% од сите интеракции со потенцијалниот клиент се случуваат преку телефон.

Додека, пак, 85% од клиентите рекле дека се незадоволни од телефонското искуство.

Доколку го испуштивте првиот дел можете да го погледнете следниов линк.

Фото: Pixabay