Неколку фрази што не смеете да ги кажете на работното место

27

warning-2284170_960_720

Фото: Pixabay

Постојат неколку фрази што не би требало да ги кажувате пред вашите колеги и претпоставени. Сигурно не сакате да оставите погрешен впечаток и подоцна да зажалите за непромислениот момент. Пред да избрзате, избројте до десет и пристапете кон разговорот од малку поинаков агол.

Тоа не е моја задача

Ако го кажете ова ќе изгледа дека сакате да се извлечете со минимум работа. Доколку претпоставениот ви дава задача надвор од вашите обврски, тогаш најдобро ќе биде да закажете состанок со него/неа и на културен начин да разговарате за евентуална промена на описот на вашето работно место.

Ја мразам оваа работа

Колку и да ви е тешко понекогаш, воздржете се од ова реченица. Сте се пожалиле на колегите, но постои шанса и претпоставените да дознаат за тешките зборови, па вашето место да биде загрозено. Секој човек има моменти кога сака да се откаже, но тоа не значи дека треба наоколу да разгласувате колку не ви се допаѓа тоа што го работите.

Јас не сум виновен/на

Не е страшно да се направи грешка. Колку и да имате мал удел во стореното, признајте ја вината и во ниеден случај не прозивајте имиња на колеги. Тоа е најлошо што може да направите. Наместо тоа, изнесете ги фактите на објективен начин и докажете дека не сте виновни.

Не е фер

Многу работи во животот не се фер. Тоа што ќе ја кажете оваа фраза нема да смени ништо. Наместо да се жалите биде проактивни и сменете нешто.

Немав време

Оваа фраза најчесто и не е точна. Време може да се најде за секоја работа и затоа не играјте на картата дека времето е виновникот. Доколку е навистина така изнесете ги фактите дека сте имале премногу обврски и ветете дека во иднина подобро ќе го распоредите времето.