Неколку интересни факти за претприемништвото

271

start-business-2Фото: Pixabay

Претприемништвото зема силен замав во светски рамки, а новите бизниси имаат клучна улога во развојот и благосостојбата на општествата во кои дејствуваат. Во продолжение, прочитајте неколку интересни факти за претприемништвото:

  • Помалку од 1% од претприемачите потекуваат од екстремно богати или екстремно сиромашни семејства.
  • 15,2% од претприемачите имаат брат или сестра кои пред нив започнале бизнис.
  • 69,6% од претприемачите изјавиле дека биле во брак кога го лансирале својот прв бизнис, а 5,2% биле разведени или вдовци.
  • 59,7% од претприемачите имале барем едно дете кога го започнале својот прв бизнис, а 43,5% две или повеќе.
  • 95,1% од претприемачите имаат високо образование, а 47% се магистри и доктори на науки.
  • Просечната возраст на претприемачите, во моментот на основање на компаниите, изнесува 40 години.
  • 74,8% изјавиле дека стекнувањето богатство им било примарен мотив во претприемништвото.
  • Само 4,5% изјавиле дека неможноста да најдат вработување ги натерало да започнат бизнис.
  • 75,4% од претприемачите претходно работеле во други компании и тоа повеќе од 6 години, пред да основаат сопствен бизнис.
  • Најчести претприемачи се доселеници во една земја.
  • Повеќе од две третини од малите бизниси се стартувани во домовите на нивните основачи.
  • Само 39% од новите бизниси се профитабилни, 30% работат со позитивна нула, а пак 30% пропаѓаат.
  • Од сите бизниси, најбрзо пропаѓаат рестораните.
  • 45% од новите бизниси успеваат да опстојат барем пет години на пазарот, а само 30% успеваат 10 години по основањето.
  • Во Европа, најмногу претприемачи има во Естонија, а во САД во Аталанта.
  • 18% од возрасните Американци се претприемачи.
  • Во просек, заработката на претприемачите изнесува од нула до 40.000 долари годишно.
  • Скоро една третина од претприемачите во светот се жени и тоа најчесто од сиромашни земји или земји од средната класа.
  • Во следниве пет години, 5% од традиционалните работни места ќе бидат заменети со онлајн бизниси што ќе се водат од дома.
  • Имате повеќе шанси вашиот бизнис да успее на интернационален пазар ако името на бизнисот ви е на англиски или шпански јазик.