Неколку митови за здравата храна

47

slatki

Фото: Pexels

Здравата исхрана е клучна за целокупното здравје на човекот. Затоа Reader’s digest нуди корисни совети и неколку митови што досега сте мислеле дека се вистина.

Необработените моркови се похранливи од зготвените

Готвењето ја зголемува нутритивната вредност на морковите. Процесот ги разградува тврдите клеточни ѕидови што содржат бета каротен.

Што помалку јаглехидрати толку подобро здравје

Она што е поважно е да се изберат најздравите јаглехидрати, особено оние од цело зрно. Докажано е дека луѓето што јадат производи од цело зрно имаат 20% – 30% помалку шанси да заболат од срцеви болести.

Маргаринот има помалку калории од путерот

Путерот и маргаринот имаат приближно иста количина на калории. Сепак, некои маргарини се понездрави затоа што содржат транс масти, коишто имаат негативни последици врз холестеролот. Ако одберете маргарин барајте брендови што не содржат штетни транс масти.

Дијабетичарите не смеат да јадат слатки

Ако дозата што ја внесуваат е минимална и тоа се случува ретко, дозволено е. Клучниот момент во нивната исхрана е одржување на здраво ниво на гликоза во крвта. Многу поважно е балансирање на оброци, односно мешање на јаглехидрати, масти и протеини.

Сокот/чајот од брусница лечи уринарни инфекции

За ова не постои доказ, а единствено докажано е дека одредени антибиотици помагаат за лечење на ваков тип на инфекции. Сепак, пиење на сок или редовно земање на суплементи можат да превенираат уринарна инфекција затоа што состојките од сокот оневозможуваат бактериите да се залепат за ѕидот на мочниот меур.

Зачинета храна предизвикува чир

Она што предизвикува чир во најголем број случаи е бактеријата Helicobacter pylori, освен оние типови предизвикани од лекарства. Зачините и лутата храна можат да ја влошат ситуацијата кај иритабилните црева, а луѓето честопати мислат дека станува збор за чир.

Производите без или со ниска масленост се поздрав избор од полномасните верзии

Кога производителите отстрануваат одредена состојка (маснотии) кај одредена храна (колачи) компензираат за вкусот со додавање на друга нездрава состојка (шеќер). Денес најголемиот број нутриционисти велат дека е подобро да одбегнуваме вештачки создадени немасни производи и да консумираме полномасни оброци со здрави масти како на пример ореви, лешници и слично.

Замрзнати и конзервирани овошја и зеленчуци имаат помала хранлива вредност од свежите

Ова важи само за оние што се јадат веднаш по бербата. Транспортот и чувањето во маркетите додека не стигнат на трпезата во одредена мера ги уништуваат хранливите вредности на производите. Од друга страна пак, замрзнувачите и брзите процесори за храна придонесуваат да се зачува нутритивната вредност на овошјето и зеленчукот, се разбира доколку се складираат за кратко време после берба.