Неколку правила за одржување на хигиената

382

tush

Фото: Pexels

Честопати полемизираме и се прашуваме дали правилно ја одржуваме хигиената на телото. Еве што имаат да кажат експертите во однос на оваа тема, пишува Business Insider.

Колку често треба да се мие косата?

Сè зависи од типот на кожата. Ако имате нормална или сува кожа, доволно е два пати во неделата.

Колку често треба да ги миеме забите?

Американската стоматолошка асоцијација препорачува забите да се мијат два пати во денот. Сепак, миењето заби пред спиење е најефикасно за одржување на хигиена.

Кога е најдобро време да се нанесе антиперспирант?

Идеално време е пред да си легнете. Потните канали ќе бидат затворени пред да почнат да ја вршат својата функција наутро. Најголем дел од антиперспираните траат 24 часа, така што не мора повторно да нанесувате додека сте на работа.

Колку често треба да се тушираме?

На два или три дена. Секако, зависи каде живеете и колку често сте физички активни. Доколку имате масна кожа, подобро е да се туширате навечер отколку наутро.

Колку често треба да го менуваме жилетот?

Зависи од типот на самиот жилет. Кога ќе осетите дека се влече по кожата, почнал да отапува – време е за нов. Ако сакате да ви трае подолго, по секое користење измијте го со млаз жешка вода и оставете го да се исуши.

Дали треба да користиме средство за плакнење на устата?

Многу поефикасно е миењето на забите со паста и четка, но и средствата за плакнење на уста можат да се користат доколку сметате дека е потребно. Сепак, трудете се да не ги користите веднаш по миење на забите.

 Колку често треба да ги сечеме/чистиме ноктите?

Сечење се препорачува еднаш во неделата или еднаш на две недели, во зависност од тоа колку сакате да ви бидат долги. Не треба да чекате за чистење доколку се извалкаат. Внимавајте на скршените нокти коишто можат да се скинат и да направат дополнителен проблем.