Неколку работи што вашиот шеф сигурно ги забележува

28

oko

Фото: Pixabay

Можеби вашиот шеф не е секогаш присутен во канцеларијата и мислите дека не забележува сè, но не е така. Шефовите знаат и забележуваат сè. Особено следните неколку работи:

Кога доаѓате во канцеларија

Работодавците ценат кога вработените доаѓаат неколку минути порано на работа или барем точно на време. Никој не сака кога некој доцни.

Кога си заминувате од канцеларија

Како што не е паметно да доцните наутро, така не е паметно да си заминувате порано од работа. Можеби мислите дека никој нема да забележи, но не е така.

Како управувате со времето

Одредете ги приоритетите и држете се до роковите. Ако нешто стигнете да сработите пред рокот, вашиот шеф ќе знае да го цени тоа.

Како се облекувате

Модните комбинации оставете ги за надвор од канцеларијата. На работа доаѓајте деловно облечени, во согласност со политиката на фирмата.

Зборовите што ги користите

Бидете пристојни. Не само пред шефот, туку и пред колегите.

Колку долго останувате на пауза

Ако имате пауза од половина час, тоа значи 30 минути. Не 35 или 45.

Дали се вклопувате во тимот

Луѓето што не можат да се вклопат со колегите и да бидат дел од тимот, не се многу пожелни. Шефот сака да види дека сте тимски играч.