Неколку работи што вработените не ги сакаат кај шефовите

48

sef

Фото: Pixabay

Никој не вели дека е лесно да се биде шеф, особено добар шеф – лидер. Освен што треба да биде експерт во областа во којашто работи, лидерот мора да знае да работи и со луѓе. Но многу од шефовите не се снаоѓаат баш најдобро во комуникацијата со вработените. Inc.com објави листа на неколку работи што вработените не ги сакаат кај своите шефови, според Harvard Business Review. Еве на што најчесто вработените се жалат дека им пречи кај шефовите:

Не им дава на значење на достигнувањата на вработените.

Не им дава јасни насоки.

Нема време за средби со вработените.

Одбива да разговара со подредените.

Ги зема заслугите за туѓите идеи.

Не нуди конструктивна критика.

Не ги знае имињата на вработените.

Не сака да разговара со вработените по телефон или во лице.

Не го интересира животот на вработените надвор од канцеларија.