Неколку совети за фриленсери

20

komp

Фото: Pexels

Фриленсери се луѓе кои работат независно, не се во постојан работен однос, немаат работно место, сами ги наоѓаат клиентите и можат да работат од било каде. Фриленсерите најчесто работат во ИТ индустријата, како што се веб дизајн или програмирање, но многу има што работат и како преведувачи, илустратори, новинари, актери, музичари, фотографи…

Работата како фриленсер има свои предности и маани. Од една страна, ваквиот ангажман дава комоција, слобода, понекогаш и повеќе пари, но од друга страна, изворите на приходи не се постојани, може да се случи да има подолг период без работа, секој сам е одговорен за наоѓање клиенти и квалитетно завршување на задачите во даден рок.

Во продолжение неколку совети за оние што работат како фриленсери, како да извлечат позитивно искуство од работата:

Не се изолирајте

Најчест проблем меѓу фриленсерите е тоа што често знаат да се изолираат, поради природата на работата. Работењето од дома без интеракција со други луѓе доведува до “исклучување”, што потоа може да доведе до губење на мотивација, па дури и депресија. Затоа е многу важно, доколку е можно, скајп состаноците да се заменат со излегување на ручек, кафе…

Работете во коворкинг простор

Коворкинг просторите се одлично решение за фриленсерите. Освен тоа што нудат услови за водење бизнис, тие се простор и за дружење, размена на идеи, збогатување на социјалниот живот.

Планирајте

Планирањето една недела однапред ќе ви помогне да се држите до роковите и да го сработите квалитетно тоа што треба. Ако имате план и се држите до него, тогаш го намалувате и стресот, па со тоа и перформансите ви се подобри.

Брендирајте се

Зошто од толку многу фриленсери да ве одберат токму вас? Брендирајте се, направете интернет страна, портфолио што ќе ве прикаже во најдобро светло, ставете коментари и пофалби од другите за вас.

Земете си одмор

Фриленсерите знаат да работат многу, особено кога имаат рокови за завршување на проектите. Но, на мозокот му треба одмор за да биде креативен. Затоа, одвојте време за себе кога нема да мислите на работата и посветете се на нешто различно, излезете од рутината.