Неколку совети за менаџирање на стресот

59

stres

Фото: Pixabay

Се преоптоварувате со работа, па потоа немате доволно време да завршите сè. Наместо да го менаџирате времето, менаџирајте го стресот и ќе видите дека ќе имате време за сите обврски. Еве неколку совети од Inc.com, како да го направите тоа:

Завршете ги прво најтешките задачи за да го намалите стресот. Така подоцна ќе можете да ги завршите останатите работи.

Направете кратка пауза во текот на денот, излезете да ја разбистрите главата. Не се враќајте додека не сте подготвени да ги прифатите работите освежени.

Ако повеќето ваши стресни задачи се подоцна во текот на денот, наутро направете нешто во што ќе уживате, тоа ќе ви даде повеќе слобода и контрола.

Отстранете и блокирајте сè што ви го одвлекува вниманието. Одвлекувањето на внимание предизвика стрес, а не фактот дека имате рок да завршите нешто.

Вежбајте. Со раздвижување на телото наутро, ќе направите многу повеќе работи за пократко време.

Читајте за разонода. Одвојте неколку минути и прочитајте нешто смешно, нешто непотребно за работата. Така ќе го “истресете” стресот. Во ред е 20 минути, па и повеќе да се олабавите на овој начин, затоа што потоа ќе имате поголем елан за работа.