Неколку занимливости за големите играчи во бизнисот

38

Фото: Pixabay

Apple

Сите корисници на iPhone кои разговараат со Siri треба да знааат дека нивните разговори не се приватни. Сè што зборуваат со Siri е испратено до Apple, каде што е складирано и темелно анализирано и стои архивирано најмалку 2 години. Компанијата гарантира дека тие се грижат за приватноста на клиентите сериозно и оваа практика ја имаат единствено за да се подобри нивната услуга.

Google

Google првично беше наречен BackRub. Лери Пејџ и Сергеј Брин во 1997 година ја преименуваа нивната компанија во Google што всушност е игра на зборот “googol” – математички термин за бројот претставен од 1-ца, проследен со 100 нули.

Amazon

Сите вработени во Amazon поминуваат два дена секои две години работејќи во одделот за корисничка поддршка, вклучувајќи го и извршниот директор Џеф Безос. Ова е со цел да им се помогне на вработените да го разберат процесот на услуги коишто им ги нудат на клиентите.

Warner Music

Долго време, Warner Music ги имаше авторските права на познатата роденденска песна Happy Birthday. Ова значеше дека компанијата може да “наплаќа“ од секој кој  јавно ја изведува песната. Сепак, пред неколку години, Warner Music плати 14 милиони долари за решавање на тужба околу ова прашање и песната стана јавна сопственост.

McDonald’s

Кога ја отвори својата продавница во Калифорнија во 1940 година во познатиот ланец на ресторани McDonald’s имаше девет различни производи на менито. Тоа беа хамбургер со чисто говедско месо, чизбургер, шејкови со три состојки, пржени компирчиња, пиво, топло кафе, сок од портокал, ладно млеко и кока кола.