Нема бесплатен ручек, приземноста е доблест… совети од седум воинки во машкиот свет

145

Oд нивните кариери може да научиме дека може да се згреши, приземноста е доблест, но и дека нема бесплатен ручек.

Советите на овие успешни жени ќе ви помогнат да бидете подобри на работа или да започнете свој бизнис. Тони Морисон, Софија Копола, Индра Нуји, Али Вонг, Мелинда Гејтс, Гвинет Палтроу и Сара Блејкли се “воинките“ во машкиот свет, чија самостоност ја охрабриле нивните татковци.

Тони Морисон, писателка

“Во една прилика му се пожалив на татко ми за работата што ја правам, детално му опишав сè, а тој само ми рече: Слушај, не живееш таму, живееш тука, со свои луѓе. Оди на работа, заработи пари и врати се дома. Од ова научив дека сè што правам го правам за себе, не за мојот шеф, и кариерата не ме креира мене, туку јас неа“.

Софија Копола, режисерка

“Татко ми секогаш ми велеше да не барам дозвола за ништо, туку да работам по свое и да се надевам дека луѓето ќе ме следат“.

Индра Нуји, претприемач

“Татко ми беше прекрасен и од него научив кај луѓето да ја препознавам добрата намера. ’Искрите’ се особено присутни во бизнисот кога ’жешките глави’ кажуваат нешто. Можеби погрешно ќе ги разберете и мислите дека тие намерно сакаат да ве понижат или можете да го свртите прашањето на позитивна страна и да се запрашате зошто реагираат или што им пречи“.

Али Вонг, комичарка

“Не знам кој прв го кажал ова, но татко ми ми велеше нема бесплатен ручек. Таа реченица ми остави голем впечаток … Самата идеја е дека сè доаѓа со некоја цена“.

Мелинда Гејтс, претприемач

“Најдобар совет што ми го даде татко ми беше секогаш да поставувам критични прашања и да барам одговори. Тој знаеше дека љубопитноста ги трансформира секојдневните пречки и со таква перспектива можностите стануваат неограничени“.

Гвинет Палтроу, актерка 

“Имав 27 години, на врвот од кариерата, па така се однесував според сето тоа, а татко ми тогаш ми рече: Знаеш, делуваш чудно … Онака без врска. Таа реченица во прв момент ме погоди, но го промени мојот живот засекогаш на подобро, затоа што … голема разлика е кога ве критикува некој што ве сака пред сè и кога ве критикува некој странец од Интернет.

Сара Блејкли, претприемач 

“Татко ми секогаш ме охрабруваше да направам грешка. Во тоа време, јас не сфатив колку влијаеше тој став, не само на мојата иднина, туку и на моето гледиште за неуспехот. Како претприемач, со тек на време сфатив колку често луѓето не ги реализираат своите идеи затоа што се плашат од грешки и порази. Неговото родителство беше неконвенционално, но без тоа, јас не би бил таму каде што сум денес“.