Нема криза за трошење и купување стан

69
Buckets of paint on the floor

Кај потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории на кредити одобрени на физички лица, во декември има раст од 0,5% и 1,9% во однос на претходниот месец и раст од 6,9% и 13,6% во однос на декември 2019 година, покажуваат податоците на Народна банка.

Автомобилските кредити остварија месечен и годишен пад од 2,6% и 10,9%, соодветно, додека кредитите одобрени на кредитни картички се пониски за 1,6% и 6,1%, на месечно и годишно ниво, соодветно.

Во декември, негативните салда на тековните сметки бележат месечно и годишно намалување од 9,9% и 5%, соодветно. Кредитите одобрени врз други основи, овој месец, се повисоки за 0,3% во споредба со претходниот месец, додека на годишна основа се намалени за 6,0%.

Овој месец, кредитите на корпоративниот сектор, бележат месечен раст од 1,9%, којшто при раст на кредитите во двете валути, во поголем дел се должи на зголемувањето на кредитите во денари. Анализирано на годишна основа, кредитите на корпоративниот сектор се зголемија за 1,1%, целосно под влијание на растот на кредитите одобрени во странска валута, при забележан пад кај кредитите во денари.

Вкупните кредити на домаќинствата, во декември, се повисоки за 0,4% на месечно ниво, во целост заради растот на кредитирањето во странска валута. Гледано на годишно ниво, кредитирањето на домаќинствата бележи раст од 8%, како резултат на зголемувањето на кредитите во двете валути, коешто е поизразено кај кредитите во денари.

Фото: Freepik