Нема новогодишни забави и 13-та плата за српските фирми

41

no partiesЈавните и комунални претпријатија, фондови и агенции кои планирале новогодишни забави или сакале да исплатат 13-та плата, треба да се стрпат и оваа идеја да ја зачуваат за подобри денови. Тоа им го порача српското министерство за економија, кое им упати писмо на директорите, со кое ги известува за воведувањето на мерки за максимално штедење и намалување на сите видови на расходи кои не се во функција на извршување на редовните дејности за кои се регистрирани. Директорите кои нема да се држат до препораката, ќе сносат последици, пишува Новости.

Фирмите треба максимално да ги рационализираат трошоците за маркетинг и спонзорства, стои во дописот од министерството. Освен тоа, должни се бруто заработките и надоместоците за 2014 година стрикно да ги планираат според дозволениот број на вработени и без планирање на 13-та плата.