Нема плата за невакцинираните

148

Германските здравствени власти планираат нови правила според кои невакцинираните работници нема да добијат надомест на плата доколку мерките за коронавирус ги принудат на карантин.

Новите правила ги подготвува германското министерство за здравство, и треба да стапат во сила најдоцна на 11 октомври, пренесува Ројтерс.

Овие нови правила ќе влијаат на луѓето кои се позитивни на коронавирусот, како и оние што се враќаат од патувања од земји означени како “високо ризични“, кои сега ги вклучуваат Велика Британија, Турција и делови од Франција.

Невакцинираните патници од такви земји мора да бидат ставени во карантин најмалку пет дена, а оние што се вакцинирани или неодамна се опоравиле од вирусот нема да одат во карантин

Синдикатите во неколку наврати го критикуваа потегот на владата, што го сметаат за форма на принуда.

“Секако, ги повикуваме и граѓаните да бидат вакцинирани во што поголем број. Но, пренесувањето на конфликтот за вакцинација во компаниите и на тој начин создавање раздор не е паметна одлука “, рече Ханс-Јуерген Урбан, член на управниот одбор на најголемата германска унија, IG Metall.

Повеќето германски сојузни покраини воведоа правило за влез во угостителски, културни и спортски објекти само за вакцинираните, оние што се опоравиле или оние ќе покажат негативен тест.