Нема повеќе место за Охридска банка на Македонската берза

59

На својата 73-та седница Комисијата за хартии од вредност трајно и ја одзеде дозволата за вршење на услуги со хартии од вредност на Охридска банка АД Охрид, поточно на Одделот за работа со хартии од вредност.

Од КХВ посочуваат дека одземањето на ранотната дозвова, е поради одлуката на Управниот и на Надзорниот одбор на Охридска банка АД Охрид, во која се истакнува дека Одделот за работа со хартии од вредност престанува да врши своите услуги:

“Охридска банка АД Охрид трајно е исклучена од членство во Македонската берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје. Со згаснувањето на овој учесник на македонскиот пазар на хартии од вредност функционираат вкупно 11 брокерски куќи и 5 овластени банки за работа со хартии од вредност”.

Одлуката е донесена откако Комисијата за хартии од вредност при контрола на работењето на брокерската куќа Еуро Брокер АД Скопје, утврдила непочитување на Законот за хартии од вредност, како и на Правилникот за содржината и начинот на водење на книгата на налози.

Од КХВ изјавуваат: “Брокерската куќа внесувала налози во системот за тргување без тие претходно да бидат запишани во книгата на налози што ја води Еуро Брокер АД Скопје. За сторената неправилност, на брокерската куќа и на нејзиниот директор, КХВ им изрече јавна опомена и истовремено, ги задолжи во рок од 30 дена да ја отстранат истата.”