Нема препораки за нови рестрикции поради делта сојот

16

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок не препорача нови мерки.

Надлежните посочуваат дека сепак се следи епидемиoлошката состојба во земјава и регионот.

Министерот за здравство, Венко Филипче смета дека епидемиолошката состојба во земјава е мирна и дека летово нема потреба од воведување на рестрикции поради делта сојот.

“Ќе почекаме да видиме каков став ќе имаат членовите на Комисијата за заразни болести, но јас лично сметам дека ситуацијата е прилично мирна нема знак дека може да има влошување. Не само по бројот на позитивни случаи туку и бројот на прегледи како и по приемите во болниците. На Инфективната клиника не се јавуваат пациeнти за преглед што значи дека нема наплив, ја следиме ситуацијата и во регионот и земјите каде летуваат нашите граѓани. Сметаме дека летово не треба да се вовeдуваат никакви рестрикции како за влез и излез од земјава или забрана за настани и собири, изјави претходно Филипче во Утрински брифинг.

Фото: Pixabay