Нема проблем со производство и со снабдување на масло за јадење, вели Бектеши

100

Министерот за економија, Крешник Бектеши вели дека на пазарот во земјава нема проблем со производство и со снабдување на масло за јадење.

„Ние редовно сме во комуникација со производителите на масло за јадење во државата и согласно податоците што ги добиваме од нивна страна тие редовно ги снабдуваат сите трговци на мало со овој производ“, изјави денеска Бектеши.

Тој напомена дека ДПИ редовно врши контрола и превзема мерки кон трговците.

 

„Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) редовно врши контрола и согласно законските прописи и врз основа на одлуките донесени од Владата веднаш ќе постапат и ќе се преземат соодветни мерки во случај трговците на мало да биле снабдени, а на нивните полици нема масло за јадење. Доколку тие чуваат резерви тоа е спротивно на одлуката на Владата и спротивно на Законот за заштита на потрошувачите и секако дека ДПИ има законско право да направи проверка и да донесе соодветни мерки“, прецизира Бектеши.