Нема промена во цените на угостителските услуги во февруари

31

Цените на угостителските услуги во февруари, во споредба со јануари 2021 година, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во февруари 2021 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 0,3%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – февруари 2021 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 0,4%, додека во однос на декември 2020 година останаа на исто ниво.

Фото: Pexels