Нема заинтересирани за Нишка пивара

55

nisko

За купување на Нишка пивара во стечај нема заинтересирани, па нов јавен повик најверојатно ќе има во октомври по пониска цена, вели стечајниот управник Љубомир Костиќ за Танјуг.

Почетната цена за јавно наддавање беше 3,3 милиони евра, а според јавниот повик, требаше да биде продадена како целина.

Стечајот на Нишка пивара во март годинава заврши со банкрот наместо со реорганизација. Долгот на фирмата е 4,32 милиони евра. Компанијата е приватизирана во 2004 година.