Нема зголемување на цените во угостителството и покрај поскапувањата

46

Цените во угостителството нема да се зголемат и покрај поскапување на храната и енергенсите, сметаат туристичките работници.

Намалување на данокот на додадена вредност од 18 на 5% за храната во рестораните, враќање на стимулациите по основ на остварен девизен прилив и наменско користење на средствата собрани од туристичката такса, се само некои од нивните барања за подобрување на состојбите во секторот.

“Субвенциите во туризмот се одлична мерка, но не треба целиот товар за поддршка да го оставиме на Владата. Неопходно е конкретни мерки да преземе и фелата“, рече Соња Бибановска, потпретседател на Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија.

Таа истакна дека една од опциите за поконкурентно хотелиерство е и реализирањето проекти по принципот на јавно – приватно партнерство.