Немаат продадено ниту еден автомобил, а вредат 80 милијарди долари

381

Американскиот производител на електрични автомобили Rivian, кој досега претстави електричен пикап и SUV возило, се подготвува за првичното излегување на пазарот на капитал и очекува да продаде акции во вредност од 80 милијарди долари.

Rivian нема произведено ниту продадено ниту еден автомобил, а фабричките возачи тестираат пикап и теренци. По серијата одложувања, производството на пикапот R1T започнува во септември.

Rivian веќе собра повеќе од 10 милијарди долари од инвеститори како Ford и Аmazon. По продажбата на акции, се претпоставува дека Rivian ќе биде повредна од Honda и Ford, пренесува HAK.

Фото: Rivian