Немилосрдно се трошело за војска во 2020 година

18

И покрај пандемијата, глобалните трошоци за војска минатата година достигнаа скоро 2.000 милијарди долари, покажуваат податоците на Меѓународниот стокхолмски институт за мировни истражувања.

Државите за своите војски минатата година издвоиле 1,981 милијарда долари или 2,6% повеќе одошто во 2019 година. Најмногу издвоиле: Сад, Кина, Индија, Русија и Велика Британија, на коишто отпаѓаат 62% од вкупниот износ.

“Можеме со одредена сигурност да кажеме дека пандемијата немала значајно влијание на воените издатоци во 2020 година. Останува да видиме дали земјите ќе го задржат тоа ниво и во втората година од пандемијата“, Диего Лопез де Силва, од Институтот.

За разлика од нив, некои земји како што се Чиле и Јужна Кореја експлицитно дел од планираниот воен буџет го пренаменија за борба против пандемијата.

САД и натаму важат за земја со најголеми воени издатоци, бидејќи минатата година буџетот за војската беше на ниво од 778 милијарди долари или 4,4% повеќе одошто во 2019 година.

Фото: Pexels