Nendo креираше пет различни видови на патенти

50

Дизајнерското студио Nendo со седиште во Токио, креираше пет нови дизајни на патенти, како дел од проектот Zippppper. Сите нови пет патенти совршено добро си ја вршат својата работа, но на различен начин.

Првиот е патентот на пресекување, односно се отвора вертикално и хоризонтално.

1

Вториот е патент е со празнини низ коишто може да се протне кабел и слични предмети. Нема спојување долж целиот патент, туку само на одредени точки.

zippppper_project02_08_akihiro_yoshida

Третиот патент прицврстува три елементи и дава нова димензија. Овозможува одделување и спојување на три различни делови.

zippppper_project03_03_akihiro_yoshida

Број четири закопчува во спирална линија и нема почеток и крај. Има пристап од 360 степени со оглед на тоа што крајот и почетокот се споени.

zippppper_project04_08_akihiro_yoshida

Петтиот е патент со ротирачко движење, механизам што ги вклучува двете раце. Со една се повлекува лизгачот, а со другата се држи долниот дел на материјалот за линеарно отворење. Има опција и да се врти лизгачот, односно отворањето да биде со ротација.

zippppper_project05_09_akihiro_yoshida

Фото: Nendo