Неочекуван пад на нарачките за извоз на германски стоки во мај

25

Нарачките за стоки од германско производство неочекувано паднаа во мај, како резултат на послабата побарувачка од земјите надвор од еврозоната и падот на бројот на договори за набавка на капитални и интермедијарни производи, покажуваат најновите официјални податоци.

Според соопштението на  Федералното биро за статистика, Destatis, нарачките за индустриски стоки произведени во Германија се намалиле во мај за 3,7% на месечно ниво.

Ова е во спротивност со предвидувањата на економистите, кои предвидоа зголемување на нарачките од 1% во тој период.

Фото: Pixabay