Неочекуван скок на кинескиот извоз

33

Кинескиот извоз во април забележа неочекуван раст од 3,5% на годишно ниво, што е прво зголемување од декември минатата година, покажуваат податоците на кинеската царинска управа.

Овој индикатор далеку ги надмина проекциите на економистите кои во анкетата на Reuters предвидоа пад на извозот од 15,7%, како во однос на падот од 6,6% во март.

Некои економисти го препишуваат скокот на извозот на затворање фабрики и прекини во прoизводството во другите делови на светот, додека кинеските производители во меѓувреме повторно го рестартираа производството по долг период на неактивност поради пандемијата од Ковид-19 .

Од друга страна, априлскиот увоз во Кина паднал за 14,2% во однос на претходната година, што е најголем пад од јануари 2016 година и под очекувањата на пазарот кој предвидува пад од 11,2%.

Кинескиот увоз во март забележал пад од 0,9%, што се припишува на слабата домашна побарувачка и падот на цените на стоките.

Аналитичарите предупредуваат дека двоцифрениот пад на увозот укажува на поголеми проблеми во наредниот период затоа што големите светски економии сè уште се во пандемија со растечки број на инфекции и смртност, и во иднина дека глобалната економија ќе тоне во рецесија.

Според нив, колапс на глобалната побарувачка и зголемените загуби на работни места најверојатно ќе ја намалат побарувачката за кинеска стока во месеците кои следат, пренесува британската агенција.

Фото: Pixabay