Непал ќе го гради првиот пат кон Еверест

51

jiri everest

Непал планира да го изгради првиот пак кон планинското подрачје на Еверест, објавија локалните медиуми, пренесува порталот Croenergo.eu.

Патот ќе ги поврзе жителите на Јири, што е крајна точка на патот од Катманду кон исток, со малото село Сурке. Јири е на надморска висина од 1.905 метри, а Сурке е во близина на аеродромот Тензинг Хилари на 2.860 метри.

“Владата обезбеди средства за овој проект и изградбата ќе започне оваа фискална година. Патот ќе биде наменет за туристички и товарен сообраќај“, соопштува непалското Министерство за туризам.

Околината на Еверест со остатокот од земјата досега не беше поврзана со патна инфраструктура. Жителите на овие места до потребните намирници доаѓаат преку воздушен пат. Аеродромот во Лукла е еден од најопасните во светот и поради временските услови сообраќајот често пати е во прекин.

Околината на Еверест годишно ја посетуваат над 35.000 туристи од целиот свет.

Сто километарскиот пат Јири – Сурке би требало да ги намали трошоците за живот во регионот, а со тоа ќе се обезбеди и нов и поедноставен транспорт.