Непишани прaвила за успех кои никој нема да ви ги каже

376

Самија Хасан е извршен директор и основач на Unwind the Grind, која по завршувањето на студиите за маркетинг, започна кариера во американската компанија Procter & Gamble. Таа напредуваше на позицијата регионален менаџер на брендови, а сега како советник за кариера им помага на милениумците да ја пронајдат својата страст и да ги откријат и искористат своите јаки страни, овозможувајќи им да се усовршат во својата кариера.

Открива неколку  непишани правила за успех во корпоративниот свет  за кои вели дека никој друг нема да ви ги открие.

Другите се љубезни со вас само кога им требате

Откако ќе се променат вашите потреби или влијанија, ќе се смени и однесувањето на другите вработени кон вас. Можете ли да верувате дека некој што ви бил најдобар пријател на работа и со кого сте работеле со години, ќе престане да ве поздравува веднаш штом ќе се променат улогите? И како тоа да не е доволно шокантно, по некое време тие се враќаат и се преправаат дека ништо не се случило.

Понекогаш е поважно да бидете на вистинското место во вистинско време

Сигурно познавате некоја личност која и покрај просечните резултати, била унапредена пред сите други. Се прашувате како и успеало тоа? Градејќи слика на себе и мрежа на контакти, можете да отворите врати за кои никогаш не сте ни помислувале. Создадете мрежа на влијателни луѓе, спонзори или ментори кои ве познаваат вас и вашите достигнувања. Кога ќе го направите ова, веднаш штом ќе се отвори нова и подобра позиција вие ќе бидете личноста на која е и се обратат.

Кога сте ѕвезда на компанијата, повеќето од вашите грешки ќе бидат простени

Имав “привилегија“ да направам некои големи грешки, кои во спротивно би претставувале непосредно губење на работата, и ми беше простено.Од друга страна исто така бев сведок на моменти кога моите претпоставени само чекаа некој да погреши некаде за да можат да го отпуштат.

Клучно е да бидете внимателни и претпазливи цело време, особено кога вашите перформанси не се во согласност со очекувањата, бидејќи тогаш дури и најмалиот проблем може да ве доведе во неволја.

Мислењата на високо позиционирани луѓе се “поважни“

Да, долгогодишно искуство е важно. Кога има повеќе информации и ставови во врска со темата, раководството ги има сите права и овластувања да ги игнорира туѓите мислења и да работи по своја волја. Колку побрзо го научите, толку подобро.

Научете кога е време да му противречите на вашиот претпоставен

Повеќето компании ги охрабруваат вработените да ги искажат своите мислења. Сепак, тие не ви кажуваат дека ако го правите тоа премногу често, можеби не сте омилен вработен, туку само негативен, скептичен циник.

Пред да кажете нешто, размислете како може да се разбере вашето мислење и утврдете дали постои судир на интереси помеѓу она што го зборувате и она што компанијата го сака. Ако не се согласувате со некоја одлука, пристапувајте му стратешки и изразете го своето мислење со мирен тон. Не се зборовите, туку тонот што ги исфрла луѓето од такт.

Фото: Pixabay