Непочитување упатства: Шефот ме натера да дојдам на работа и фатив Ковид

89

Џејн работи како администратор во приватна здравствена фирма во Оксфордшир, а нејзината работа требало да ја работи од канцеларија, дури и во карантин. Сепак, бидејќи фатила Ковид-19 на работа, пред Божиќ, таа решила да работи од дома, но идејата била проблематична за нејзиниот шеф.

“Канцеларијата е толку мала и невозможно е да се држите на растојание. Мојот шеф исто така не ги следеше упатствата кога се разболев и на никој не му беше кажано да се изолира. Беше толку неодговорно“, изјави таа за BBC.

Џејн тврди дека нејзината работа, која се базира на компјутер и телефон, лесно може да се заврши од дома. Таа чувствува дека само таа во компанијата ги следи упатствата на Владата на Велика Британија. Според неа, шефот сега ја “принудува“ да се врати на работа, а таа нема многу избор, затоа што мора да ја плати хипотеката. Сепак, владините упатства предвидуваат дека секој што може да работи од дома, треба да го стори тоа.

Помеѓу шести и 14-ти јануари, извршниот директор за здравје и безбедност примил 3.934 жалби во врска со коронавирусот и презеде мерки за спроведување во 81 случај. Сепак, ова обично значело писмено или усно предупредување, а само една компанија се соочила со поостра постапка.
Фото: Freepik