Неправедната поделба на вакцините го турка светот во морален пропаст

44

Првиот човек на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебресиус рекол дека светот е пред “катастрофален морале пропаст“ поради распределбата на вакцините против коронавирусот и ги повика земјите и произведувачите поправедно да ги поделат вакцините ширум светот.

Според него, изгледите за праведна распределба на вакцините е под “сериозен ризик“ и тоа во момент кога програмата за дистрибуција на вакцината COWAX почнува со делење следниот месец.

Тој забележал дека минатата година се потпишани 44 билатерални договори, а најмалку 12 се потпишани оваа година.

“Тоа би можело да ја одложи испораката на COWAX и да создаде сценарио поради кое и оваа програма е основана, а тоа е да се избегне натрупување на вакцините, хаос на пазарот, некоординиран одговор и проблеми во економијата“, смета Гебресиус.

Пристапот што се практикува во овој момент ги остава најсиромашните и најранливите во опасност, а тоа само ќе ја продолжи пандемијата.

Фото: Freepik