Непристојна понуда на милијардер: Може една Tesla за биткоин?

189

Тим Драпер, биткоин милијардер и инвеститор кој има инвестирано и во Tesla,  реагираше на постапката на Илон Маск кој на Twitter  додаде хаштаг #bitcoin. Драпер кој поседува околу 30.000 биткоини му се обрати на Маск, велејќи дека би сакал да купи електричен автомобил и да го плати со биткоини, промовирајќи ја сопствената компанија за плаќање со биткоин OpenNode.

“Би сакал да купам Tesla Cybertruck. Може да прифатите #bitcoin преку нашата компанија Draper VC OpenNode“, напиша на својот Twitter профил Драпер.

Набргу откако Маск објави хаштаг биткоин на својот профил на Тwitter, вредноста на оваа криптовалута започна да расте. Многумина веруваат дека Маск би можел да биде највредниот инвеститор во собирање биткоин во Coinbase (компанија која обезбедува услуга за купување и продажба на криптовалути).

Причината зошто Драпер го предложи ова токму сега, најверојатно се должи на интересот на Маск за биткоин и позитивното расположение на пазарот кога станува збор за оваа криптовалута.

Фото: Tesla